Фудбалерот на Арсенал, Николас Пепе сезоната ќе ја помине на позајмица во редовите на Ница. Во договорот на Пепе не е вклучена откупна клазула, па така се очекува да се врати во Арсенал.
Формата на 27-годишникот кој и понатаму е рекорден трансфер на Арсенал не се развиваше како што се очекуваше. Арсенал за него на Лил пред три години плати 72 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во минатата сезона Арсенал не играше во европските натпреварувања, а тоа му овозможи на Артета да пружи шанса на помладите играчи. Букајо Сака покажа квалитет и стана стандарден првотимец и тоа само дополнително ги лимитираше минутите на Пепе.
Овој преоден рок Арсенал го доведе и бразилскиот фудбалер Маркињос кој исто така настапува покрај десната аут линија.
Пепе во дресот на Арсенал постигна 27 голови и забележи 21 асистенции на 112 натпревари. Ница во четвртокот го обезбеди пласманот во групната фаза од Конференциската лига и покрај поразот во првиот натпревар од Макаби Тел Авив (1:0), во реваншот дома славеа со резултат 2:0.
Official, confirmed. OGC Nice sign Nicolas Pépé on a loan deal from Arsenal, valid until June 2023. No buy option included. 🚨🔴 #AFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 25, 2022
Pépé has completed medical in the morning and then signed the contract. pic.twitter.com/K69OpSdXon