Во Англија денес е навистина интересно, Обамејанг пристигна, а покрај него актуелна тема е и Ријад Марез.
Вестите за Марез се менуваат како на „филмска лента“. Прво, се појави вест дека Манчестер Сити испратил понуда за Алжирецот во износ од 50 милиони фунти, но следуваше и експресен одговор од „лисиците“ кои бараа сума од неверојатни 90 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се појавуваа и најнови информаци кои говорат дека самиот Марез се обидел да го забрза својот трансфер и побарал од раководството на клубот да не му прави проблеми и да го пушти да премине на „Итихад“.
Сепак, доколку Сити сака да дојде до потписот на Марез ќе мора да ја зголеми понудата. Треба да се истакне и дека Марез на „граѓаните“ би можел да им помогне и во Лигата на шампионите.
BREAKING: Riyad Mahrez has handed in a transfer request to force through move to Manchester City. [Mail Sport] pic.twitter.com/jZmH0MSjw4
— Transfer Related (@TransferRelated) January 30, 2018