Дома Фудбал Англија Најдобриот тренер од Чемпионшип за минатата сезона ќе го води Саутемптон

Најдобриот тренер од Чемпионшип за минатата сезона ќе го води Саутемптон

Англискиот премиерлигаш Саутемптон постигна договор со менаџерот на Лутон, Нејтан Џонс.

Како што пренесуваат медиумите, двете страни ќе потпишат долгорочен договор. Нејтан Џонс на стадионот „Сент Мери“ ќе го замени австрискиот тренер Ралф Хасенхитл, кој во понеделникот доби отказ по поразот од Њукасл со 4:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Саутемптон моментално се наоѓа во зоната за испаѓање на 18. место со само 12 освоени бода во Премиер лигата.

Вчера Џонс присуствуваше на натпреварот од Лига купот во кој „светците“ го елиминираа тимот на Шефилд Венсдеј по подоброто издание од пенали. Овој Велшанец има 49 години и важи за еден од најпочитуваните менаџери на Островот.

Поранешниот фудбалер на Брајтон е најзаслужен за подемот на Лутон, шестиот тим на табелата во Чемпионшип минатата сезона. Нејтан Џонс тогаш сосема заслужено беше избран за менаџер на годината во втората англиска лига. Како тренер, тој претходно работеше во Чарлтон Атлетик, Брајтон и Стоук Сити.

Интересно е што професионалната кариера како играч практично ја започна во Шпанија каде настапуваше во втората лига за Бадахоз и Нумансија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Интер во невидена паника! Титулата може да избега поради денешните вести

Голем проблем за Интер е потврден денес! Имено, капитенот Лаутаро Мартинез повторно е повр…