„Росонерите“ од денес имаат нов тренер, со оглед на тоа дека утринава своето отказно решение го доби Винченцо Монтела.
Неговиот наследник е некогашната ѕвезда на Милан, Џенаро Гатузо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На сета оваа ситуација, а особено за отказот на Монтела најмногу задоволство е видливо кај Карлос Бака, кој кај Италијанецот не доби конретна шанса.
„Господ некогаш доцни, но не заборава“, истакна Бака на социјалните мрежи.
Монтела во досегашниот дел од сезоната, го остави Милан со 20 освоени бода на седмата позиција на табелата, по одиграни 14 кола во Серија А.