Дома Топ вести Најголемиот трансфер во историјата на Реал? Модриќ заминува во спектакуларна размена

Најголемиот трансфер во историјата на Реал? Модриќ заминува во спектакуларна размена

modric

Реал Мадрид е во потрага по врвен напаѓач после очајната форма на Карим Бензема оваа сезона, па иако Флорентино Перез тврди дека не е заинтересиран за Хари Кејн, сепак никој не му верува.

Проблем е цената од 200 милиони евра со што англискиот напаѓач ќе стане втор најскап фудбалер во историјата, а Тотенхем не сака да слушне за помала сума.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Познатиот шпански портал „Диарио Гол“ кој е познат по „ексклузивните“ трансфер вести тврди дека Перез има план за доведување на Кејн, а тој план вклучува и заминување на Модриќ од Реал.

Перез не е спремен да потроши 200 милиони евра, па сака цената на 24-годишниот голгетер да ја сруши така што во трансферот ќе биде вклучен и Лука Модриќ.

Покрај Хрватот, Реал ќе понуди и голема отштета, повеќе од 100 милиони евра, па така Кејн ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на „кралскиот“ клуб.

Истиот извор тврди дека таквата размена не го воодушевува тренерот на „спарси“ Маурисио Покетино кој го гради тимот на млади фудбалери и смета дека Модриќ не може многу да придонесе во неговата игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец В…