На стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон во неделата вечерта се одигра фудбалскиот натпревар „Сокер Аид“ помеѓу екипите на Англија и Остатокот од светот. Англија победи со 6:3, а на теренот на домот на Челзи се појавија многу познати имиња.
Френк Лампард, Хари Реднап, Роби Вилијамс, Вик Меклур, Дејвид Џејмс, Џил Скот, Џермејн Дефо, Џо Кол, Мо Фара и други играа за Англија, додека во тимот на Остатокот од светот беа Маурисио Покетино, Усеин Болт, Хесус Перез, Еден. Азар, Томи Фјури, Роберто Карлос, Џон Оби Микел, Петр Чех, Алесандро Дел Пјеро, Патрис Евра…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот заврши лошо за најбрзиот човек на сите времиња Усеин Болт, рекордерот во трката на 100 метри со време од 9,58 секунди.
Usain Bolt is STRETCHERED OFF at Soccer Aid 😢🏥 pic.twitter.com/M9JlIBLN2Z
— Mail Sport (@MailSport) June 9, 2024
Спринтерот од Јамајка на овој меч се здоби со тешка повреда на ахиловата тетива, поради што беше изнесен од теренот на носилки, а подоцна објави фотографија на која носи ортопедска чизма што значи дека повредата воопшто не била наивна.
Raptured Achilles but done know we a warrior 💪🏿 pic.twitter.com/vKYtHqOFTj
— Usain St. Leo Bolt (@usainbolt) June 9, 2024