Дома Трансфер зона Најави ли Фекир трансфер на „Енфилд“? – Неговата изјава ќе ги израдува „црвените“!

Најави ли Фекир трансфер на „Енфилд“? – Неговата изјава ќе ги израдува „црвените“!

Еден од најдобрите фудбалери во француското првенство и член на Лион, Набил Фекир многу веројатно ќе ја промени средината ова лето.

Неколку пати претходно беше негиран трансферот на Набил Фекир од Лион во Ливерпул во текот на оваа сезона од претседателот на клубот и таткото на фудбалерот, но сега самиот играч даде изјава која сигурно ќе им се допадне на навивачите на „црвените“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ливерпул? Зошто да не? Ме очекуваат разговори со претседателот и со моите блиски луѓе после што ќе донесам одлука. Во животот никогаш ништо не треба да отпишуваме“, изјави Фекир.

Оваа негова изјава голем број медиуми ја сфатија како најава за потенцијален голем трансфер ова лето. Сумата која се споменува изнесува 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…