Aко се суди според профилот на Инстаграм, Нејмар повеќе не е фудбалер на Пари Сен Жермен.
Имено, Бразилецот од неговите податоци од некоја причина ја избришал информацијата дека е член на францускиот гигант. Во јавноста подолго време се шпекулира за неговото заминување од Париз, се споменуваше враќање во Барселона, но засега нема ништо конкретно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дури и Нејмар да има желба да се врати во Барселона, Каталонците се во финансиска криза, па тоа би можело да се реализира само со едногодишна позајмица во која поголем дел од примањата на Бразилецот би преземал ПСЖ.
Најголема причина да се пишува за можно заминување на Нејмар е неговата голема плата од 30 милиони евра по сезона, Бразилецот на теренот прикажува премалку за такви примања. Во последната сезона беше во форма кога играше, но долго време беше повреден, па одигра само 29 натпревари на кои постигна 18 голови и 17 асистенции.
Инаку, Нејмар со сумата од 222 милиони евра се уште го држи рекордот за еден трансфер.