Вечерва од 19:00 часот се игра вечното дерби помеѓу Партизан и Црвена Звезда.
За разлика од претходното играно во „Хумска“, кога црно и црвено-белите пред меѓусебниот меч оебзедија нокаут фаза во Лигата на Европа, Звезда овој натпревар го дочекува во далеку подобро расположение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Учесници се во Лигата на шампионите, додека Партизан остана само на домашното натпреварување. Од таму можеби Звезда е и фаворит, но јасно дека во овој натпревар фаворит нема.
Каква е формата?
Звезда во ова дерби влегува полна со самодоверба после ремито со вицешампионот Наполи во Лигата на шампионите. Исто така црвено-белите не изгубија ниту еден бод во претходните седум кола во првенството.
Треба да се спомене и дека имаат заостанат натпревар против Напредак во Крушевац во среда, како и гол разлика од 22:3.
Партизан на последните три натпревари славеше со резултат 1:0, а претходно изгуби од Бешикташ со 3:0 и поради тоа не успеа да се пласира во Лигата на Европа.
Црно-белите во овој момент на табелата имаат два бода помалку од Звезда, но и натпревар повеќе. Во случај на пораз на домашен терен, разликата од среда кога ќе се одигра заостанатиот натпревар би можела да изнесува и осум бодови.
Ова се и веројатните состави со кои се очекува да настапат двата клуба.
Партизан: Стојковиќ – Н.Р Милетиќ, Марковиќ, Валијанте, Н.Г Милетиќ – Косовиќ, Шчекиќ – Јанковиќ, Пантиќ, Закариќ – Рикардо.
Црвена Звезда: Борјан – Стојковиќ, Савиќ, Дегенек, Родиќ – Крстиќиќ, Чаусиќ – Бен, Марин, Кафу – Боакје.