Женската ракометна репрезентација на Македонија синоќа доживеа пораз од селекцијата на Србија во првиот од двата контролни натпревари. Србија победи со 35:29. Натпреварот се одигра во салата „Автокоманда“ и беше од затворен тип.
Селекцијата на Србија подобро одиграла во вториот дел кога е и обезбедена победата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Вториот контролен натпревар избраничките на селекторот Симе Симовски ќе го одиграат утре претпладне во СЦ „Јане Сандански“. Овие натпревари се дел од неделата на ЕХФ, а за Македонија ова е подготовка натпреварите со Шведска од баражот за Светското првенство во Германија што ќе се играат во јуни месец годинава.