Натпреварот од квалификациите за СП помеѓу Хрватска и Косово синоќа беше прекинат поради големите врнежи во Загреб.
Натпреварот беше прекинат во 21-та минута поради силен дожд, а хрватските медиуми потврдија дека ќе биде продолжен денес.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
На состанокот на делегатите било договорено мечот да продолжи денес во 14:30 часот. Според правилата на ФИФА мечот продолжува од моментот кога е прекинат, односно од 21-та минута.