Дома Фудбал Репрезентации Натпреварот во кој Бразил и Франција играа со дресови стари 100 години (ФОТО)

Натпреварот во кој Бразил и Франција играа со дресови стари 100 години (ФОТО)

brasil france

Репрезентациите на Франција и Бразил одиграле многу спектакуларни натпревари, но веројатно онаа која никогаш нема да биде заборавена се одигра на 20 мај 2004 година.

„Триколорите“ и „Кариоките“ имаа неколку неверојатни дуели и сигурно ќе се памети финалето на Мундијалот во 1998 година кога Франција славеше со 3:0. Шест години подоцна овие две селекции се сретнаа во пријателски натпревар за 100-тиот роденден на ФИФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Она што е интересно е што во првото полувреме овие репрезентации играа со дресови кои беа стари 100 години, а во второто истрчаа во тогаш стандардните гарнитури. Франција настапи со дресовите со кои оваа земја играше во 1904 година против Белгија.

На другата стрна беа „Кариоките“ со бела ретро варијанта која мора да се признае дека воопшто не изгледа лошо.

Натпреварот се играше на „Стад де Франс“, а на трибините присуствуваа рекордни 79.344 навивачи. Натпреварот се играше со топка реплика на онаа од 1904 година, но големо разочарување беше што средбата заврши без погодоци 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…