Дома Фудбал Италија Наполи ќе се жали за службениот пораз од Јувентус

Наполи ќе се жали за службениот пораз од Јувентус

Наполи подготвува жалба против одлуката Серија А за службена победа на Јувентус поради тоа што Наполи не пристигна во Торино за дербито кое требаше да се одигра на 5-ти октомври.

Наполитанците исто така ќе поднесат жалба против одлуката да му се одземе еден бод на тимот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Апелацискиот суд на спортот ќе ја разгледа жалбата на клубот од Неапол кон крајот на октомври или почетокот на ноември и ќе донесе одлука.

За потсетување, Наполи загуби со службен пораз бидејќи не се појавија на натпреварот против Јувентус. Наполитанците своето отсуство го објаснија со фактот дека локалните власти им забранија да патуваат во Торино бидејќи имаа двајца фудбалери позитивни на Ковид 19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…