Дома Фудбал Италија Наполи не сака да ризикува: Новиот договор за Спалети е спремен

Наполи не сака да ризикува: Новиот договор за Спалети е спремен

Неапол е во транс, Наполи предводен од тренерот Лучан Спалети е лидер во италијанската Серија А со 32 бода во првите 12 кола, пет повеќе од второпласираниот Милан.

Тимот на Елмас исто така заврши први во групата во Лигата на шампионите каде што беа уште Ливерпул, Ајакс и Ренџерс.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


По ваквите резултати, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис сосема очекувано му понудил продолжување на договорот на Спалети, пренесуваат медиумите во Италија.

На искусниот 63-годишен стручњак, кој во Наполи дојде во летото 2021 година, договорот му истекува на крајот на сезоната, но во него има клаузула за продолжување и таа сакаат да ја активираат во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…