Дома Трансфер зона Наполи започна преговори: Ова е клучно засилување во борбата за титулата

Наполи започна преговори: Ова е клучно засилување во борбата за титулата

Стандардниот лев бек на Наполи, Фаузи Гулам доживеа тешка повреда на коленото и ќе го пропушти остатокот од сезоната, па многумина сметаат дека тоа ќе биде тежок удар за „наполитанците“ во борбата за титулата.

Меѓутоа Наполи не ни помислува да се предаде и веќе почна потрага по замена за Алжирецот, а прва мета е играчот на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Врсаљко минатата сезона за 16 милиони евра од Саусоло се пресели во Мадрид, но оваа сезона не добива голема минутажа кај Симеоне.

Хрватскиот репрезентативец одлично ја познава Серија А и подеднакво добро може да игра како лев и како десен бек, па поради тоа би бил идеален за Наполи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе стапил во контакт со неговиот менаџер и добил согласност од играчот, па сега останува уште да ги убеди „јорганџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…