Дома Фудбал Италија Наполи го прекинува карантинот: Елмас и друштвото се враќаат на тренинзите!

Наполи го прекинува карантинот: Елмас и друштвото се враќаат на тренинзите!

Тимот на Наполи во среда започнува со нормални тренинзи, објави овој клуб.

Иако Фудбалскиот сојуз на Италија препорачува да нема тренинзи барем до парил, клубот објави дека на 25. март играчите ќе треба да се појават на тренинг.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во време кога во Италија владее вистински хаос претседателот на Лацио, Клаудио Лотито и претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се единствените кои сакаат да започнат порано со тренинзите.

Останатите екипи веројатно ќе ја следат препораката на сојузот и со тренинзи ќе започнат на 4. април. Првиот човек на Фудбалската унија во Италија, Дамијано Томаси исто така смета излегувањето надвор и тренирањето пред 4. април може да биде опасно по здравјето на играчите.

Засега продолжување на сезоната се очекува кон крајот на април или мај, меѓутоа никој со сигурност тоа не може да го каже и се зависи од тоа како ќе се развива ситуацијата со вирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…