Дома Видео Напаѓачот на Интер го провоцираше Јувентус, па ќе добиеше „воспитна“ од својот татко 🎥

Напаѓачот на Интер го провоцираше Јувентус, па ќе добиеше „воспитна“ од својот татко 🎥

Екипата на Интер по вчерашниот натпревар против Лацио го доби заслуженото Скудето. „Нероаѕурите“ беа најдобриот тим во текот на целата сезона и на крајот имаа право да се радуваат на трофејот.

На вчерашната прослава се случи и еден интересен момент во кој во центарот на вниманието беа Маркус Турам и неговиот татко, легендарниот Лилијан Туран.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Имено, во еден момент фудбалерите на Интер испратија провокација кон Јувентус со тоа што скандираа „Кој не скока е Јувентино“…

Во таа провокација се приклучи и младиот напаѓач, но тогаш кога Лилијан забележа што прави неговиот син се обиде да му „подели“ една „воспитна“. Причината секако е затоа што Лилијан е вистинска легенда на Јувентус и голем дел од својата кариера помина во Торино.

Сепак, вчера како горд татко присуствуваше на прославата на неговиот син.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Крос му помага на Реал да го доведе младиот Германец

Реал Мадрид сака да ја подмлади средината од теренот, а во тоа би можел да му помогне него…