Дома Фудбал Репрезентации Надежите разочараа: Не ја победивме ниту Малта, еден гол постигнавме, а десет примивме во три натпревари

Надежите разочараа: Не ја победивме ниту Малта, еден гол постигнавме, а десет примивме во три натпревари

Maкедонските фудбалски надежи до 17 години одиграа лош квалификациски турнир на која не ја победивме ниту Малта.

Во претходните два натпревари против Словачка и Шпанија загубивме со по 4:0 и 5:0, а денес одигравме само реми против аутсајдерот.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Македонија прва стигна до водство со голот на Етоски по 38 минути иогра, меѓутоа Малта во 91. минута преку Мелиљо дојде до бод.

Составот во кој настапи Македонија:

Илоски, Радевски, Саботиќ, Атанасовски, Ристовски, Андоновски, Аслани (Киш), Латифи, Локи (Младеновски), Етоски (Гавровски), Јакупи (Муслиу).

Така Македонија квалификациите ги завршува со два порази и едно реми во кои има гол-разлика од 10 примени голови и еден даден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

УЕФА задоволна: Новото правило ќе се користи и во клупскиот фудбак

Европската куќа на фудбалот пред почетокот на првенството во Германија воведе ново правило…