Првиот тенисер во светот Рафаел Надал се пласираше во финалето на АТП турнирот во Барселона и така ја продолжи неверојатната серија на земјена подлога.
Надал без изгубен сет стигна до борба за трофејот во Барселона откако го елиминираше десетиот играч во светот Давиде Гофан со 6:4 и 6:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот добро го започна мечот, отвори со брејк и поведе со 2:0. Меѓутоа после два гејма Надал се избори за изедначување.
За конечни 6:4 уште еднаш му го одзема сетот на Гофан после што врза шест добиени гејмови за 6:0 во вториот сет.
Надал со ова ја продолжи суровата серија на земја и во низа освои 44 сета! Исто така ова за Шпанецот беше рекордна 400 победа на најспората подлога во кариерата.
За трофејот во Барселона Шпанецот ќе игра против Гркот Стефано Циципас кој го изнеади Пабло Карења.
Грчкиот тенисер ќе се бори за својот прв АТП трофеј, а Надал 11 во престолнината на Каталонија.