Првиот тенисер на светот, Рафаел Надал со победа се врати на теренот по долга пауза поради повредата.
„Враќањето по повреда е секогаш тешко, но пред оваа фантастична публика се тоа беше незаборавно и многу единствено“, истакна Надал по мечот во Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Надал со 3:0 во сетови славеше над Филип Колшајбер во Дејвис Куп мечот помеѓу Шпанија и Германија.
Нему тоа му е 23. врзана победа во Дејвис Купот од 2005. година, со што постави рекорд во тоа натпреварување.
Рафаел Надал не играше од четвртфинаелето на УС Опен, кога го повреди десниот колк.
„Позитивно е што славев во три сета. Многу комфорно се чувствувам“, истакна Надал.
Резултатот во дуелот помеѓу Шпанија и Германија по првиот ден е 1:1, бидејќи Александар Зверев претходно беше подобар од Давид Ферер.