Дома Тенис Рaфа пристигна на финалето: Ако победи Ѓоковиќ, нема драма за мене

Рaфа пристигна на финалето: Ако победи Ѓоковиќ, нема драма за мене

Двократниот освојувач на Австралија Опен, но пред сè „кралот на земја“, Рафаел Надал е некој што пристигна во Мелбурн и кој ќе го следи финалето помеѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

Алкараз ќе го игра своето прво финале во Австралија, додека за Новак ова е веќе единаесетто, а да додадеме и дека Новак има совршена статистика во досегашните финалиња. Рафа истакнува и дека му недостигаат емотивните и долги борби.

„Искрено, чувствата ми беа поинакви, дадов сè од себе толку долго, сега гледам повеќе како навивач. Луѓето уживаат во тоа, недостигаат тие емотивни, долги борби, кога физичките работи повеќе влијаат, тогаш луѓето се вклучени. Натпреварите во три сета, многумина тоа не го помнат..“

За кого ќе навива?

„Ќе биде уживање да го гледаме финалето, сакам да уживам во одличната борба и добриот тенис. Со Новак имаме неверојатна историја, се натпреварувавме на највисоко ниво и му посакувам сè најдобро, но Алкараз ми е сонародник, делевме и терен на Олимписките игри. Но, ако Новак победи, ќе бидам среќен за него, нема да има драма за мене, тој тука пишува историја“, рече Рафаел Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…