Дома Останати Надал повторно го победи Медведев

Надал повторно го победи Медведев

Рафаел Надал уште еднаш беше подобар од Данил Медведев, овој пат во полуфиналето на турнитот во Акапулко (2:0).

За разлика од финалето на Австралија опен, овој дуел меѓу Надал и Медведев не беше неизвесен. Шпанецот ги доби двата сета со идентични 6-3 и се пласираше во финалето.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Противник на Надал во финалето во Акапулко ќе игра против Камерон Нори кој во второто полуфинале беше подобар од Стефанос Циципас со 6:4,6:4.

Медведев од понеделник на 28 февруари ќе биде на врвот на АТП листата, но само до 14 март и одземањето на бодовите од турнирот во Марсеј, кога Новак Ѓоковиќ една недела ќе се врати на првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ: Другите ги казнуваат со години, а Синер само три месеци

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зборуваше за допинг скандалот на Јаник Синер порано оваа го…