Дома Останати Надал по четири години се пласираше во четвртфиналето на УС Опен

Надал по четири години се пласираше во четвртфиналето на УС Опен

Најдобриот тенисер на светот, Шпанецот, Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето од УС Опен, откако денес во осминафиналето славеше над Украинецот Александар Долгополов со 6:2,6:4 и 6:1.

Мечот на Надал и Долгополов траеше час и 42 минути. За Шпанецот ова е прв пласман меѓу осумте најдобри на последниот гренд слем турнир во сезоната од 2013. година кога ја освои титулата во Њујорк.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


За пласман во полуфиналето, Рафа ќе се соочи против победникот од дуелот помеѓу Белгиецот, Давид Гофан и рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Агаси: Алкараз ги собра сите особини од големата тројка

Карлос Алкарас навистина има причини да ужива на лаврите. Не само што повторно е најдобар …