Поранешниот тенисер број еден во светот изјави дека главни цели годинава му се Ролан Гарос и Олимписките игри во Париз, но истакна и дека се уште не одлучил 2024 година да му биде последна во кариерата.
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал оцени дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Бројките зборуваат сами за себе, тој е најголемиот во историјата“, изјави Надал во интервју за шпанскиот телевизиски канал Ла Секста.
Што се однесува до експлозивните реакции на Ѓоковиќ, Шпанецот тоа го објасни:
„Ова се моменти на фрустрација, Новак го крши рекетот, но во следниот момент е подготвен повторно да игра на 100 проценти и тоа е најдоброто што сум го видел“.
Поранешниот тенисер број еден во светот изјави дека главни цели годинава му се Ролан Гарос и Олимписките игри во Париз, но истакна и дека се уште не одлучил 2024 година да му биде последна во кариерата.
„Не сум одлучил 100 проценти… Не знам колку турнири ми останаа, претпоставувам дека нема многу, но не можам да го потврдам тоа… Ролан Гарос е една од моите цели. Сакам да учествувам и на Олимписките игри“, рече Надал.