Дома Фудбал Италија НАГРАДАТА ПРИСТИГНА: Гатузо останува тренер на Милан и добива десет пати поголема плата

НАГРАДАТА ПРИСТИГНА: Гатузо останува тренер на Милан и добива десет пати поголема плата

Според пишувањето на италијанските медиуми, Џенаро Гатузо следната недела би требало да потпише нов договор со Милан.

Гатузо на клупата на „Росонрите“ седна како привремено решение, откако што Милан му врачи отказ на Монтела, но неговото доаѓање го разбуди заспаниот гигант кој, од коло во коло, е се поблиску до четврото место кое води во Лигата на Шампионите. Изгледа дека Гатузо е на добар пат да ја спаси пропаднатата сезона на Милан, а има поддршка и од навивачите и од играчите, а изгледа дека и од управата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Џенаро Гатузо има годишна плата од 120.000 евра, со што ја зема најмалата плата во Серија А (се уште го има договорот кога го тренираше младиот тим на Милан), но по потпишувањето на новиот договор неговите примања би требало да изнесуваат десет пати повеќе, па ќе заработува околу 1.2 милиони евра по сезона.

Гатузо со Милан ќе потпише нов договор до 2020. година, а се очекува дека работата официјално ќе биде потврдена следната недела, веројатно во четврток по состанокот со извршниот директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер во Израел суспендиран на 99 години, и ова не е прв пат!

Необични вести од Израел: 17-годишен фудбалер на локалниот младински тим „Ирмијагу Холон“ …