Дома Останати Кошарка НБА Награда за одличните настапи: Далас му спрема голем договор на Дончиќ!

Награда за одличните настапи: Далас му спрема голем договор на Дончиќ!

Во текот на оваа недела се очекува раководството на Далас да замине во Љубљана, Словенија и да го презентираат новиот договор на Дончиќ.

Словенецот заедно со неговите соиграчи пристигна во татковината после олимписките игри на кои завршија како четврти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нормално дека следува одмор за Лука, но се очекува во наредните денови се да се заврши и со неговиот договор на пет години и вредност од 207 милиони долари.

Зад себе Дончиќ има три фантастични сезони во Далас и се очекува да продолжжи со тимот и во наредниот период, а со тој договор би станал и еден од најплатените во лигата.

Во минатата сезона Дончиќ имаше просек од 27.7 поени по натпревар, во плеј-офот каде што Маверикс испаднаа од Клиперси во седум рунди имаше просек од 35.7 поени по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…