Баерн Минхен е заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат германските медиуми.
Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде одигра одлична сезона, а сега блеска на Европското првенство.
Нагелсман одлично го познава 23-годишниот Шпанец и сака да го донесе во Баерн Минхен, но Лајпциг нема намера да се откаже за сума помала од 50 милиони евра.
Баерн е спремен во следните денови да започне преговори, но ќе треба да ја победи конкуренцијата.