
Манчестер Јунајтед синоќа испадна од Лига на шампиони откако изгуби на Олд Трафорд од Севиља, а навивачите на овој клуб бараат Жозе Мурињо да поднесе оставка.
Јунајтед синоќа делуваше немоќно на Олд Трафорд против Севиља, кој сигурно не е тим кој би требало да представува голем проблем на славниот Јунајтед и навивачите се разочарани.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Мурињо треба да добие отказ вечерва. Не утре. Вечерва.“, „Мурињо напушти го мојот клуб. Добра ноќ.“, „Ве молам, само сакам да слушнам дека Мурињо добил отказ“, – само се некои од коментарите од незадоволните навивачи на Јунајтед.