Дома Фудбал Навивачите на Ренџерс на удар: Зарем прославата на титулата е поважна од здравјето?

Навивачите на Ренџерс на удар: Зарем прославата на титулата е поважна од здравјето?

Ренџерси го освоија 55. наслов првак на Шкотска, после десет турбулентни години, во кои клубот беше изфрлен во четвртата лига.

Навивачите со нетрпение го чекаа овој момент, а целата ситуација околу коранавирусот не ги спречи да ја прослават титулата на улиците во Глазгов.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Над илјада навивачи на славниот клуб направија спектакл на улиците, околу стадионот Иброкс, но и во центарот на Глазгов, а со тоа се најдоа на удар на тамошните Власти и полицијата.

„Разбираме славје, но зарем титулата е поважна од здравјето во овој момент? Се бориме со лош вирус, не само Шкотска туку и целиот свет, а навивачите прават нешто вакво.“ – соопштија од градската полиција.

Официрот на шкотската полиција исто така жестоко реагираше.

„Разговаравме со водечките луѓе во државата. Ќе биде одржан итен состанок. Ги разбирам емоциите кон клубот, но не и вакво однесување. Ова можеше да се прослави кога ситуацијата тоа ќе го дозволеше. Сега мора секој ден да стравуваме, какви последици ќе предизвика ова славје.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се е подготвено: Македонија добива ВАР!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веќе е во процес за имплементација на ВАР систе…