Eкипата на Арсенал вчера доживеа елиминација во Лигата на шампионите откако беше поразена со 1:0 од Баерн Минхен, претходно на првиот натпревар немаше победник (2:2).
Дел од навивачите на Арсенал на социјалните мрежи сега пишуваат за причините за поразот, а една теорија е посебно интересна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, фановите на „топџиите“ најдоа оправдување во тоа што на „Алијанц Арената“ на полувремето останале вклучени само прскалките на половината на која напаѓаа гостите.
Навивачите на клубот од Лондон тврдат дека со дополнителното топење на тој дел од тревникот се забавила играта и на фудбалерите на Баерн им биле отежнати нападите.
Bayern Munich watered the final third for Arsenal at half-time to try and make it more difficult for Arsenal to attack in the second half… pic.twitter.com/yJiFMTYg3g
— 🥤𝑩𝒂𝒏𝒌𝒔 (@Afcbanks___) April 17, 2024
Сличен потег минатата година во декември направи Ливерпул кога Арсенал гостуваше на „Енфилд“.
Ќе потсетиме, во вчерашниот натпревар единствениот гол на натпреварот го постигна Џошуа Кимих.