Милан и Исмаил Бенасер постигнаа договор за продолжување на соработката до 2027 година, пренесува „Газета дело Спорт“.
Бенасер е еден од најважните играчи на Милан, но неговата иднина беше неизвесна бидејќи двете страни долго преговараа за нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алжирецот имаше понуди од Премиер лигата, но реши да остане верен на Милан и ќе стави потпис на нов договор.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека плејмејкерот ќе стави потпис на договор до 2027 година и ќе заработува 4 милиони евра по сезона.
Во договорот ќе остане откупната клаузула од 50 милиони евра, но таа ќе биде валидна од следното лето 2024 година.