Дома Фудбал Италија Навивачите во еуфорија: Ибра го најави враќањето во Милан!

Навивачите во еуфорија: Ибра го најави враќањето во Милан!

Италијанските медиуми од претходно најавуваат враќање на Ибрахимовиќ со некоја функција во клубот, a сега Швеѓанецот веројатно и го најави со мистериозна порака на социјалните мрежи.

Работата би требало да е веќе договорена, а тоа може да се претпостави по објавената фотографија на Ибрахимовиќ на која напиша: „тик-так, тик-так“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Ова фановите го протолкуваа како одбројување до официјалната објава за негово враќање.

Најавите на медиумите се дека Ибрахимовиќ ќе добие улога во спортскиот дел на клубот, официјална потврда се очекува да има во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бунт против Чаби Алонсо во Реал. Доказ е реакцијата на играчите за вториот гол на Елче

ПРЕД три недели ситуацијата во Реал изгледаше совршено. Тимот доминираше во Ла Лига и Лига…