Непријатни сцени се случувале по поразот на Победа од Шкендија 1:3 за викендов.
МВР во својот полициски билетен објави дека имало обид за напад на раководството од страна на некои навивачи. Навивачите влегле на теренот и сакале да се пресметаат со играчите и раководството, а тогаш интервенирала полицијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На 02.10.2022 во Прилеп, по завршување на фудбалскито натпревар од Првата македонска фудбалска лига помеѓу ФК „Победа“ од Прилеп и ФК„Шкендија“ од Тетово, лицата Ф.И., В.С., Н.Н., А.И., К.С. и Д.Х. и други лица од Прилеп влегле на фудбалскиот терен со цел физички да се пресметаат со управата и играчите на ФК „Победа“, а при интервенција на полициски службеници тие агресивно се одбнесувале кон и нив и ги спречувале во извршувањето на службените дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во билтенот од МВР.