Дома Фудбал Италија На теренот беше само пет минути и го „реши“ клубот кој го отфрли!

На теренот беше само пет минути и го „реши“ клубот кој го отфрли!

За едно од изненадувањата за викендот се погрижи Верона која одигра храбар меч и заслужено освои бод против Јувентус.

Мечот помеѓу Верона и Јувентус заврши 1:1, а гостите до водство стигнаа во 60. минута кога после брза акција мрежата на Јувентус ја погоди Андреа Фавили.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интересно е што Фавили во игра влезе само пет минути порано. Неговиот практично прв допир со топката во казнетиот простор беше доволен да ја затресе мрежата.

Во таа прилика напаѓачот на гостите се повреди и тренерот на гостите Иван Јуриќ беше приморан да го замени уште веднаш. За Верона овој бод во Торино беше прв после 32 години.

„Според се како се одвиваше сакавме победа, но да се дојде тука и да се ремизира против еден вака силен тим не е лесно, треба да бидеме задоволни и со бод“, изјави Фавили.

Треба да се спомене и дека Фавили е производ на школата на Јувентус, меѓутоа во клубот го сметале за недоволно квалитетен па бил пуштен да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…