Дома Фудбал Англија На Тен Хаг му е преку глава, не го сака Роналдо во тимот

На Тен Хаг му е преку глава, не го сака Роналдо во тимот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег му е преку глава од однесувањето на Кристиано Роналдо, кој не прави ништо за да се извлече од тешката ситуација во која се наоѓа тимот, пишува „Атлетик“.

Роналдо прво ги пропушти предсезонските подготовки на „црвените ѓаволи“ поради „лични причини“. Тој потоа се појави во базата со својот агент и побара трансфер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тен Хаг во меѓувреме постојано правеше напори да го убеди Португалецот да остане и се надеваше дека ќе може да смета на него како лидер кој ќе го води тимот во вистинската насока.

Сепак, тоа не се одразува баш најдобро на ситуацијата во соблекувалната. Се вели дека често седи сам за време на ручекот и подалеку од соиграчите. Покрај тоа, тој постојано се жали на тренинзите и се расправа со тренерот поради високиот пресинг што сака да го наметне.

Сето ова предизвика Тен Хаг нагло да го смени ставот за Роналдо и повеќе не го сака во својот тим. Директорите исто така се подготвени да го пуштат да си оди, но прво сакаат да се уверат дека можат да најдат замена за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо од Бенфика – Жоао Феликс најде нов клуб и ги изненади сите

Жоао Феликс беше едно време еден од најголемите потенцијали во европскиот фудбал, но негов…