Преодниот рок заврши, но Челзи не престанува со доведувањето на засилувања, па така сега во тимот доведе психолог.
Психологот Жилберт Енока цели 20 години работел во националниот рагби тим на Нов Зеланд, а сега доби прилика да биде дел од клуб како Челзи и не сакал да пропушти. Оваа информација ја потврди рагби репрезентацијата на Нов Зеланд каде што истакнаа дека заминувањето на Енока во Лондон е со краткорочен договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информациите од Островот се дека Енока е ангажиран да помогне во кревањето на тимскиот дух на „сините“, но и за дополнителна мотивација на новите засилувања кои пристигнаа.
Челзи потроши над 300 милиони евра во јануарскиот преоден рок и целта е значително да се подобри пласманот во Премиер лигата каде што во овој момент се наоѓаат на деветтата позиција.