Дома Трансфер зона На повидок големо изненадување: Лука Јовиќ прави неочекуван трансфер!?

На повидок големо изненадување: Лука Јовиќ прави неочекуван трансфер!?

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ предизвика бура во фудбалските кругови со најавите од руските медиуми за можен трансфер во Зенит од Санкт Петербург.

По шпекулациите дека ќе остане во Милан, заминувањето на Оливие Жиру изгледаше како можност за Јовиќ, но последните вести од Русија најавуваат пресврт.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Руските медиуми тврдат дека за Јовиќ е заинтересиран шесткратниот последователен шампион Зенит, што дополнително е поттикнато од неговото следење на клубот на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа дека ЕУРО 2024 се наближува, најдобро за Србија би било Јовиќ што поскоро да го реши прашањето за својата иднина за целосно да се фокусира на претстојниот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…