Дома Фудбал На овие четири стадиони во Шпанија Луис Суарез не постигнал погодок

На овие четири стадиони во Шпанија Луис Суарез не постигнал погодок

Напаѓачот на Барселона Луис Суарез не успеал да постигне погодок на само четири стадиони од неговото пристигнување во Шпанија.

Еден од нив е „Аноета“ на Реал Сосиедад на која вечерва Уругваецот ќе игра со својата Барселона. Останатите три се „Балаидос“ (Селта), „Рамон Санчез Писхуан“ (Севиља) и „Росаледа“ (Малага).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Против Селта Суарез постигна четири погодоци, но сите четири ги постигна на „Ноу Камп“, уште четири на Севиља, но повторно во Каталонија, а против Малага не успеал да ја затресе мрежата.

Доколку Барселона го победи Сосиедад ќе има комфорни девет бодови предност во однос на Атлетико Мадрид, Ернесто Валверде ќе успеа да го направи она што не успеа Луис Енрике на гости, а Суарез многу лесно би можел да од оваа „црна“ листа да ја „избрише“, „Аноета“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…