Дома Фудбал Официјално: Спортинг го донесе Луис Суарез како замена за Ѓокереш

Официјално: Спортинг го донесе Луис Суарез како замена за Ѓокереш

Со потпишувањето на договорот меѓу Виктор Ѓокерес и Арсенал, заврши трансферната приказна за шведскиот напаѓач. Спортинг реагираше брзо и донесе ново засилување – Луис Суарез, кој ќе го замени Ѓокерес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбискиот напаѓач досега играше за шпанската Алмерија, а трансферот е веќе завршен и Суарез пристигна во Лисабон.

Иако пред него стои голем предизвик, со оглед на класата што ја покажуваше Ѓокерес, Суарез успеа да го привлече вниманието на португалскиот клуб со своите настапи во претходната сезона, иако тие беа во втората лига.

Изминатата сезона Суарез ја заврши на врвот на својата кариера, со вкупно 31 постигнат гол во 43 натпревари, што претставува една третина од сите негови голови во речиси десетгодишната професионална кариера.

Покрај Алмерија, пред тоа тој има играно и за Марсеј, Гранада, Сарагоса, Ваљадолид Б и Леонес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатно: Еве колку еден обложувач вложил пари за победа на Шпанија (Фото)

Во вистинско изненадување на Светското првенство, Шпанија одигра 0:0 против Зеленортските …