Дома Фудбал Италија На Наполи му се одзема бод, мечот со Јувентус добива нов датум?

На Наполи му се одзема бод, мечот со Јувентус добива нов датум?

Jувентус и Наполи не го одиграа својот натпревар во Серија А претходниот викенд.

Играчите на Наполи не допатуваа во Торино, а торинскиот тим излезе на терен почитувајќи го протоколот кој го одреди Серија А. Така според правилата Јувентус би требало да го добие натпреварот со службени 3:0, но според информациите  кои ги пренесува „Кориере дела Сера“ мечот би требало да биде одигран.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После бројните притисоци наводно ракводството на Серија А попуштило, па одлучило натпреварот да се одигра на нов датум, 13 јануари.

Сепак, Наполи нема да помине без казна. На нив би требало да им биде одземен бод и судејќи според сегашната ситуација тоа ќе биде казната за тимот на Гатузо.

Ваква одлука сигурно нема да му се допадне на Јувентус и се очекува „старата дама“ да поднесе жалба доколку ова биде конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА жестоко ја казни Србија!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) жестоко го казни Фудбалскиот сојуз на Србија. Србит…