Дома Актуелно На Модриќ „Златната топка“ му била покажана пред церемонијата: Погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

На Модриќ „Златната топка“ му била покажана пред церемонијата: Погледнете ја неговата реакција (ВИДЕО)

modric

Лука Модриќ вчера во Париз стана 44-тиот добитник на најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот – „Златната топка“.

За разлика од на пример, доделувањето на Оскарите каде што името на победникот не се знае се додека водителот не го прочита кај оваа награда играчите однапред беа известени, па поради тоа Кристиано Роналдо и Лионел Меси не се појавија во Париз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Модриќ пред церемонијата му била покажана „Златната топка“, а истата му ја покажа главниот уредник на „Франс Фудбал“, Паскал Фере.

„Каков е твојот впечаток кога ќе го видиш ова?, запраша Фере.

„Прекрасно. Еден од најубавите трофеи“, со очигледно воодушевување одговори Модриќ.

„Кога ме побаравте и ми кажавте, плачев од среќа“, изјави Хрватот кој победи пред Роналдо и Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…