Дома Останати Кошарка НБА На Леброн му се исполни големата желба: Ќе игра во ист тим со својот син

На Леброн му се исполни големата желба: Ќе игра во ист тим со својот син

Брони, синот на Леброн Џејмс по многу контроверзии е избран како 55. пик на НБА драфтот.

Имено, агентот Рич Пол на сите клубови освен на Лејкерс и Феникс им испратил порака да не го избираат Брони. Наводно, тој ги предупредил дека ако го изберат, следната сезона ќе игра во Австралија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јасно беше дека Лејкерс ќе бираат како 55. и тоа место се чуваше токму за Брони. Играњето во ист тим беше голема желба за Леброн, а сега ќе му се исполни. Ова ќе биде и прв случај татко и син да играат во ист клуб.

Сепак, прашање е колку навистина Брони има квалитет за да го носи дресот на Лејкерс бидејќи е висок 186 сантиметри, а минатата година имаше аномалија на срцето и паузираше одреден период.

Ќе потсетиме, изминатата вечер се одржа втората рунда на драфтот и се избираа кошаркари од 31. до 58. пик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …