Дома Фудбал Лига на шампиони На „кралевите“ не им помина потегот „ала Мурињо“ – Одличниот бек суспендиран за осминафиналето

На „кралевите“ не им помина потегот „ала Мурињо“ – Одличниот бек суспендиран за осминафиналето

„Кралевите“ ќе бидат ослабени во првиот натпревар од осминафиналето.

Дани Карвахал ќе го пропушти следниот натпревар на Реал во најелитното европско натпреварување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бекот на Реал намерно заработи жолт картон во натпреварот против АПОЕЛ за да влезе „чист“ во нокаут фазата.

Карвахал имаше намера со таквиот потег да го пропушти натпреварот против Борусија Дортмунд кој немаше резултатско значење во шестото коло, но УЕФА по истрагата донесе одлука да го суспендира за првиот натпревар во нокаут фазата.

Да потсетиме, Карвахал одолговлекуваше со изведувањето на еден аут се додека судијата не му покажа жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Во ПСЖ не се шегуваат: Подготвени се на Барселона да ѝ понудат 350 милиони евра!

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал (18), повторно е во фокусот на трансфер шпекулациите, б…