Дома Фудбал Англија На Клоп не му се допаѓа идејата за син картон

На Клоп не му се допаѓа идејата за син картон

Еден од најдобрите фудбалски тренери на светот, Јирген Клоп, смета дека идејата за воведувањето на син картон не е добра.

Медиумите вчера објавија дека во фудбалот ќе се воведе син картон, кој ќе се користи за исклучување на фудбалерите на 10 минути по остар прекршок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од овој потег не е воодушевен германскиот тренер Јирген Клоп, кој кажа дека тоа ќе предизвика дополнителни проблеми во светот на фудбалот.

„Реалноста вели дека треба да им ја поедноставиме работата на судиите, а не да предизвикаме компликации и скандали. Јас имам 56 години, а искрено не паметам кога последен пат имало добра идеја во ФИФА“, кажа Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Виљареал преговара со Реал Мадрид за Себаљос

Виљареал води преговори со Реал Мадрид за можноста да го привлече шпанскиот играч од средн…