Дома Фудбал Англија На казната на Јувентус се израдува и Арсенал!

На казната на Јувентус се израдува и Арсенал!

Вистински хаос се случуваше со Јувентус сезонава во Серија А, а на крајот корист од целата ситуација ќе има веројатно и Арсенал,

Арсенал водеше голема битка со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата, но на крајот „топџиите“ ќе мораат да се задоволат со втората позиција. Втората позиција за Арсенал пред почетокот на сезоната се сметаше за успех, па не може да се каже дека тимот на Артета треба да биде разочаран.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На Јувентус во Серија прво му беа одземени 15 бода, потоа вратени, за со најновата одлука да му се одземат десет бода. Со ваквата казна Јувентус повеќе не е во топ четири и тешко ќе дојде до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

На две кола пред крајот Милан кој е четврти има пет бода повеќе од клубот од Торино. Освен „росонерите“ на казната на Јувентус се радуваат и „топџиите“.

Имено, ако Јувентус играше во ЛШ ќе беше во вториот шешир на ждребот за групите, а Арсенал во третиот. Во отсуство на „старата дама“ Арсенал ќе биде во вториот шешир, па така може да избегне некој посилен противник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…