Дома Трансфер зона Мурињо тргна во акција: Фантастично трио пристигнува на Олд Трафорд

Мурињо тргна во акција: Фантастично трио пристигнува на Олд Трафорд

Во изминативе неколку недели најмногу ги читаме трансфер шпекулациите и желбите на клубовите како Манчестер Сити, Челзи, Барселона и Реал Мадрид, кои традиционално најмногу трошат во текот на летото.

Меѓутоа, Жозе Мурињо ја добри одредената сума за трансфери, оваа недела ги израдува сите навивачи со најавата за тројца нови играчи, кои од следната сезона би требало да го носат дресот на Манчестер Јунајтед.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Шведскиот дефанзивец, Виктор Линделоф од следната сезона ќе ја засили одбраната на тимот, со други зборови, доаѓа како повеќе од потребен играч.

Другото име е играчот на Реал, Алваро Мората, кој Мурињо му вети дека ќе има важна улога во неговата формација, и дека за разлика од Реал, нема да седи на клупата.

Мората така ќе се приклучи на шпанското трио Де Геа-Мата-Ерера во црвениот дел од Манчестер.

Навивачите на Јунајтед се радуваат и на усмениот договор помеѓу Манчестер и Монако околку Фабињо, кој е голема желба на многу тимови, бидејќи тој со Монако ја освои титулата во Лига 1, и добро играше во ЛШ, беше еден од клучните играчи во тимот. За него исто така се заинтересирани и Јувентус и Челзи.

Претходно беше објавено и дека Манчестер ги договорил услугите со Иван Перишиќ, така што со Линделоф, Мората и Фабињо во комбинација, навивачите на Јунајтед, но и Мурињо ќе имаат на што да се радуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…