Дома Фудбал Италија Мурињо: Судиите се суспендираат, но кој ќе ни ги врати нас бодовите?

Мурињо: Судиите се суспендираат, но кој ќе ни ги врати нас бодовите?

Сезонава во Серија А неколку пати ВАР судиите беа суспендирани после грешки на штета на Рома.

Стратегот на Рома, Жозе Мурињо сега го коментираше тој момент и потенцираше дека на тој начин се признаваат грешки, но резултатски тоа за неговиот тим ништо не значи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Веќе се уморивме ВАР судиите да се суспендираат после грешките кои ги прават против нас. Да, суспензиајта значи признавање на грешките, но кој ќе ги ни ги врати нас бодовите од тие натпревари“, изјави Мурињо.

Во Серија А вечерва Рома ја чека натпревар против Венеција.

„Сакаме да завршиме петти или шести, позициите на кои сме во текот на целата сезона. Не верувам дека ќе имаме проблем со концентрацијата поради пласманот во финалето од Конференциската лига“, изјави Мурињо.

Натпреварот помеѓу Рома и Венеција се игра вечерва во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…