Дома Фудбал Англија Мурињо распали по новинарите: Каде сте Ајнштајни!

Мурињо распали по новинарите: Каде сте Ајнштајни!

Пол Погба ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед за 110 милиони евра и стана најскапиот играч во историјата, но веднаш стана мета на критики поради слабите партии.

Откако Погба синоќа одигра одличен меч постигнувајќи два гола, Мурињо едвај дочека да им одговори на поедини новинари кои го критикуваа Французинот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Вие од медиумите, не сите, сте Ајнштајни. Во вашите мозоци Погба за 48 сати од катастрофален стана одличен играч“, се обрати Мурињо во свој стил.

„За разлика од вас, јас знам дека е многу добар фудбалер, но дека му е потребно време за да го покаже својот потенцијал бидејќи доаѓа од италијанското првенство, а таму се игра сосема поинаков фудбал. Различен е интензитетот и му треба време да се адаптира. Пишувавте дека е во депресија поради критиките, но тоа не е вистина, Пол е смирен и весел“, додаде Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крилен фудбалер се „чекира“ во Барселона: Среќен сум што доаѓам во шампионот

Барселона е на прагот да заврши договор за да го направи Руни Бардаџи своето второ засилув…