Дома Фудбал Останато Мурињо откри што сака да работи во иднина и ги изненади сите

Мурињо откри што сака да работи во иднина и ги изненади сите

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо со години важи за еден од најдобрите тренери во светот на фудбалот.

Мурињо прв пат се прослави во 2004. година кога со Порто успеа да ја освои Лигата на Шампионите. Подоцна истиот успех го повтори со Интер, а со Реал и Челзи успеа да ги освои националните првенства. Сега седи на клупата на Манчестер Јунајтед со кого минатата сезона ја освои Лигата на Европа, а во интервју за „Soccer AM Tubes“ истакна дека во иднина сака да води некоја репрезентација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Би било навистина интересно да го видиме Жозе на клупата на некоја репрезентација, а во минатото се пишуваше дека би можел да ја превземе Португалија. Секако, многумина сметаат дека тој не сака да ги превземе Португалците поради лошиот однос со Роналдо, но тоа се само шпекулации.

Освен тоа, Мурињо има важечки договор со Јунајтед на три сезони, а веројатно во следните месеци и ќе го продолжи. Значи, не треба да очекуваме негово заминување од клупскиот фудбал, но секако дека еден ден ова ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓокереш ги смирува навивачите: Арсенал оди кон титулата, но нема опуштање”

Виктор Ѓокереш одлучи јавно да зборува за потенцијалната титула со Арсенал оваа сезона. Из…