Манчестер Јунајтед не донесе ниту едно засилување во зимскиот преоден рок, а клубот го напуштија Морган Шнедерлин и Мемфис Депај.
Сепак, медиумите на Островот се погласно шпекулираат дека до крајот на преодниот рок и Вејн Руни може да го напушти „Олд Трафорд“ бидејќи има богата понуда од Кина.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Мурињо го демантираше таквите гласини и порача дека единствениот фудбалер кој што може да ја напушти Јунајтед до крајот на јануарскиот преоден рок е Ешли Јанг.
„Единствениот фудбалер за кој што знам дека би можел да го напушти клубот и за кого го чекам 31-ви јануари е Ешли Јанг. Тоа е фудбалер кој што би сакал да го задржам, но тој може да си замине затоа што не добива голема минутажа“, откри Мурињо.